Руското Министерството за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пишува Ројтерс, а пренесува Би-би-си.
„Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Ниту еден украински војник не ја прифати истата понуда во вторникот, се вели во соопштението на Министерството.
Градскиот совет на Мариупол во изјава за Телеграм рече дека и покрај бројот на руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат Мариупол, па затоа „сакаат да ја израмнат“ фабриката за челик. Понатаму, се наведува дека Русија не ја одвратило тоа што во комплексот се кријат и цивили.
Украинскиот претседател Зеленски рече дека ситуацијата останува тешка и непроменета, а судбината на десетици илјади цивили останува непозната.
Русите најавија прекин на огнот
Синоќа беше објавено дека Русија најави прекин на огнот за среда. Прекинот на огнот, како што беше најавено, би важел на подрачјето околу комплексот железарница Азовстал. Руските војници ќе го почитуваат примирјето во Азовстал, додека предлогот е на сила од 14 часот по московско време (13 часот по македонско) на 20 април, соопшти Министерството.
Украина се уште не го коментираше рускиот предлог за прекин на огнот. Областа Азовстал стана клучно бојно поле во јужна Украина, а се верува дека сите останати украински сили во градот се во областа.