Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека пропаднале напорите на украинската армија да ја пробие опсадата на Мариупол. Според Зеленски, за градот да биде спасен да не падне во рацете во Русија, потребни е тешко оружје, кое Украина во моментов, едноставно го нема. Сите во Мариупол веруваат во победата, и никој нема да се предаде, тврди Зеленски. Денеска пропадна уште еден обид за евакуација на цивили од опсадениот град. Украинците тврдат дека преку договорените три рути градот успеале да го напуштат мал број луѓе. Меѓусебните обвинувања за неуспехот на евакуацијата се прелеаја и врз преговорите.
Какви и да било јавни сигнали кои тие ги даваат, велејќи дека се подготвени, дека се отворени, или дека топката е во наши раце, но тие не знаат каква игра играат. Но, и покрај тоа продолжуваат да играат. Тоа не е точно. Ние сме отворени за различни формати за размена на наши луѓе со руски, руски војници кои тие ги оставија, рече Зеленски.
Москва продолжува да го обвинува Киев дека ги одолговлекува преговорите, тврдејќи дека со денови чека одговор на последниот сет предлози.
Режимот во Киев, неговите преговарачи прават се што можат за да ја попречат оваа работа, оваа конструктивна работа, во смисла дека ја користат нивната омилена тактика, одолговлекување, одбивање на претходно договорени интерни спогодби, јавно негирање на тоа што било договорено за време на разговорите, обвини Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Но, на заедничката пресконференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, кој пристигна во ненајавена посета на Украина, Зеленски тврдеше дека не добиле никаков документ со нови предлози. Вели дека Русија продолжува да ја обвинува Украина за одолговлекување додека нејзината армија држи под опсада 120.000 цивили во Мариупол, секојдневно бомбардира украински градови и започна голема офанзива на истокот од земјата. Во Мариупол воените злосторства се далеку пострашни и поголеми отколку во Бородјанка, тврди Зеленски, и вети дека Украина ќе ги казни сите одговорни за нив.
Игор Трајков