Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сонце – Временска прогноза за 19.4.2022

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде во благ пораст.

Агропрогноза:

Сончевото време, со високи температури во изминатата седмица им овозможи на земјоделците да ги извршуваат вообичаените работи во овој период од годината. Промената на времето викендов, особено во недела со драстичен пад на температурата и врнежи од дожд и снег на планините, ќе предизвика застој во работата на земјоделците.

Сепак во втората половина од наредната седмица очекуваме повторно постепено разведрување кое ќе донесе и повисоки дневни температури. Постепеното разведрување и струењето на воздухот нема да доведе до појава на негативни утрински температури на поголем дел од мерните места во Македонија, со исклучок на Берово, Паланечкиот дел и дел од Пелагонија.

Ваквите температури не се очекува да предизвикаат позначителни штети кај овошките во овие региони, можно е да дојде само до проретчување на родот. Секако тука треба да се има во предвид и местоположбата на насадот, експозицијата и времетраењето на температурите.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, Крушево, 1 Берово, 2 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Претор, 3 Дебар, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Штип, Виница, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, Дојран, 6 Гевгелија

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

10 Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Пожаране, 8 Маврови Анови, 6 Битола, 5 Берово, 4 Гевгелија, Крушево, 3 Крива Паланка, 2 Тетово, Попова Шапка, 1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе