Утре во најголемиот дел од земјата ќе преовладува облачно и значително постудено време. Во текот на денот со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови од земјата. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде пониска на места и за повеќе од 10°C во однос на денешната, односно ќе се движи во интервал од 6 до 10 °C.
Агропрогноза:
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 15.04.2022 год.
Сончевото време, со високи температури во изминатата седмица им овозможи на земјоделците да ги извршуваат вообичаените работи во овој период од годината. Промената на времето која се очекува за време на викендот, особено во недела со драстичен пад на температурите и врнежи од дожд и снег на планините, ќе предизвика застој во работата на земјоделците.
Сепак во втората половина од наредната седмица очекуваме повторно постепено разведрување кое ќе донесе и повисоки дневни температури. Постепеното разведрување и струењето на воздухот нема да доведе до појава на негативни утрински температури на поголем д
Ваквите температури не се очекува да предизвикаат позначителни штети кај овошките во овие региони, можно е да дојде само до проретчување на родот. Секако тука треба да се има во предвид и местоположбата на насадот, експозицијата и времетраењето на температурите.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С измерени денеска)
2 Берово, 3 Маврови Анови, 4 Крива Паланка, 5 Скопје-Петровец, Струмица, 6 Тетово, Претор, Битола, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Попова Шапка, 7 Куманово, 8 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп, Крушево, Дојран, 9 Виница.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/