Американскиот претседател Џо Бајден за првпат изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, но дека конечната одлука ќе ја донесат адвокатите по меѓународно ниво. Украинскиот претседател Володимир Зеленски задоволен од изјавата на Бајден вели „вистински зборови на вистински лидер“.
Да, го нареков геноцид затоа што стана појасно и појасно дека Путин само се обидува да ја избрише идејата да може да постои Украинец. И доказите се трупаат. Последните се различни, но повеќе докази излегуваат. Буквално, тоа е нешто ужасно го направија Русите во Украина. А ние само ќе дознаеме повеќе и повеќе за уништувањето. Ќе оставиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали ќе го оквалификуваат така или не, но мене така ми се чини, изјави американскиот претседател Џо Бајден.
Зеленски изјави дека „речиси секој ден“ се откриваат се повеќе масовни гробници, евидентирани се стотици случаи на силување, а еден руски специјалец на своите соборци им испратил и видео од измачувањето на бебе.
Во областите ослободени од окупаторите, продолжува работата на евидентирање и истражување на воените злосторства извршени од Руската Федерација. Речиси секој ден се наоѓаат масовни гробници. Се собираат докази. Илјадници и илјадници жртви, човечки тела сè уште се наоѓаат во шахти и подруми, врзани и осакатени. Има села – некогаш прилично големи, кои останаа без речиси никакви жители. Евидентирани се стотици случаи на силување, вклучувајќи малолетни девојчиња, многу мали деца, па дури и бебе, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Зеленски со предлог до русите да го замени заробениот проруски политичар и близок сојузник на Путин, Виктор Медведчук, со украински воени затвореници. Тој беше во домашен притвор поради сомнение за предавство, но побегна неколку дена по руската инвазија. Руските воени сили соопштија дека како резултат на успешните офанзивни дејствија на руските трупи во Доњецк, 1.026 украински војници доброволно се предале.
-162 офицери и 47 жени војници се меѓу предадениот персонал на украинските вооружени сили.Примарната медицинска помош на лице место добиле 151 ранет украински војник од 36-та поморска бригада, по што сите биле пренесени на лекување во градската болница во Мариупол, истакна Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
Градоначалникот на Мариупол рече дека околу 21.000 цивили се убиени во опколениот јужен пристанишен град, а 100.000 се уште чекаат евакуација. Русија изврши инвазија на 24 февруари со цел, според западните официјални лица, да го заземе Киев, да ја собори владата и да воспостави режим пријателски настроен кон Москва. За шест недели оттогаш, запира копненото напредува и руските сили загубија илјадници борци, а се прибавуваат докази за убивање цивили и други злосторства.
Билјана Ставрова