Вести Свет Топ вести

Клучниот момент пред вториот круг од изборите во Франција е телевизиската дебата

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон води во првиот круг од претседателските избори, неколку процентни поени пред лидерот на екстремната десница Марин Ле Пен со кој ќе се соочи во вториот круг на 24 април, во кој најверојатно ќе победи, иако со мала предност.

Според делумните официјални резултати, Емануел Макрон доби 27,4 отсто по преброените 38 милиони гласови, пред кандидатката на десничарското Национално собрание Ле Пен, која доби 25,54 отсто.

Клучот ќе биде дебатата

Клучен момент во следните две недели ќе биде традиционалната телевизиска дебата на двајцата кандидати кои влегуваат во вториот круг.

Во 2017 година, Макрон доминираше со Ле Пен, но оваа година, ќерката на поранешниот лидер на екстремната десница Жан-Мари Ле Пен, која прва ја воведе крајната десница во вториот круг од претседателските избори, изгледа подобро подготвена од тогаш.

Таа водеше кампања на терен, фокусирана на куповната моќ, што е најголема грижа на гласачите, додека Емануел Макрон, преокупиран со војната во Украина, беше помалку присутен.

Но, голем број гласачи се повлекоа од гласањето или до последен момент беа неопределени.

Еве како беше во дебатата во 2017 година:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе