Макрон беше јасен фаворит на претседателските избори во Франција до неодамна, но последните анкети покажуваат дека разликата во поддршката меѓу актуелниот шеф на државата и лидерот на крајната десница, Марин Ле Пен се намалува, пред утрешниот прв круг од претседателските избори во државата.
Ова е трета претседателска трка на Ле Пен, а таа постојано е зад Макрон во анкетите. Според последните испитување на јавното мислење, предноста на Макрон во однос на Ле Пен се намалила од 10 на 4 процентни поени. 28% од граѓаните се определиле за Макрон, наспроти 24% за Ле Пен.
Доколку се исполнат предвидувањата, новиот претседател на Франција ќе биде познат по вториот круг на изборите, закажан за 24-ти Април.
Она што ќе го одреди победникот е излезноста, а сите анализи навестуваат дека овие избори може да бидат со досега највисок процент на апстиненција на гласачите. Истовремено, кон неизвесноста придонесува и фактот дека тројца од десет избирачи се` уште не одлучиле за кој кандидат ќе го дадат својот глас.