Вести Свет Топ вести

Брисел ѝ нуди на Украина можен брз прием во ЕУ

Претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен, за време на денешната посета на Украина, на претседателот Володимир Зеленски му го предаде прашалникот, што претставува еден чекор пред кандидатски статус на земјата.

Фон Дер Лајен, на заедничката пресконференција изјави дека комисијата ќе направи се што може за да ѝ помогне на Украина за пополнувањето на прашалникот да бидат потребни недели, а не години, покрај тоа што процесот е веќе забрзан, во споредба со досегашното искуство на другите земји кои добија кандидатски статус, а подоцна и станаа членки на ЕУ.

Русија ја очекува економска, финансиска и технолошка пропаст, додека Украина маршира кон европска иднина, изјави Фон Дер Лајен.

Добивајќи го прашалникот од Фон Дер Лајен, Зеленски ја увери дека неговото пополнување ќе биде завршено за една недела.

Заедно со претседателката на ЕК, во Киев денеска е и Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, и кој пат соопшти дека унијата обезбедила 7 милиони евра за да ѝ помогнат на Украина во собирањето докази за руски воени злосторства на нејзината територија.

Борел исто така најави дека европската делегација наскоро ќе се врати во Киев, и се надева дека и останатите странски амбасади ќе го следат нејзиниот пример.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе