Форбс за прв пат во своето рангирање го прогласи Илон Маск, Извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, за најбогат човек на планетата со богатство проценето на 219 милијарди долари.
Тоа значи дека 50-годишниот Маск е со повеќе од 50 милијарди долари во предност пред вториот најбогат човек во светот, Џеф Безос, основачот на „Amazon“ и вселенскиот ривал на Маск, „Blue Origin“. Маск кој од неодамна е и најновиот член на управниот одбор на „Twitter“, вреди двојно повеќе од богатството на легендарниот инвеститор и извршен директор на „баркшај хатавеј“, Ворен Бафет, кој почнал да инвестира во 1941 година на свои 11 години. Богатството 91-годишниот Бафет сега изнесува „само“ околу 125 милијарди долари.