Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е во Брисел на разговори со сојузниците во НАТО. Говорејќи на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тој рече дека неговата агенда е многу едноставна.
„Мојата агенда е многу едноставна. Има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје“, изјави Кулеба
„Знаеме како да победиме, но без одржливите и доволни резерви на оружје што ги бара Украина, овие победи ќе бидат придружени со огромни жртви“, рече тој.
„Колку повеќе оружје добиеме и колку побрзо пристигне во Украина, толку повеќе човечки животи ќе бидат спасени“, рече тој.
Тој рече и дека колку повеќе градови и села спасува, толку помалку ќе има злосторства, како оној во Буча.
„Можеби звучи чудно, но денес оружјето служи за целта на мирот“, заклучи тој.
Тој рече дека на Украина и се потребни авиони, возила и системи за противвоздушна одбрана.