Вести Свет

Форбс го прогласи Илон Маск за најбогат човек на планетата

Форбс за прв пат во своето рангирање го прогласи Илон Маск, Извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, за најбогат човек на планетата со богатство проценето на 219 милијарди долари.

Тоа значи дека 50-годишниот Маск е со повеќе од 50 милијарди долари во предност пред вториот најбогат човек во светот, Џеф Безос, основачот на „Amazon“ и вселенскиот ривал на Маск, „Blue Origin“. Маск кој од неодамна е и најновиот член на управниот одбор на „Twitter“, вреди двојно повеќе од богатството на легендарниот инвеститор и извршен директор на „баркшај хатавеј“, Ворен Бафет, кој почнал да инвестира во 1941 година на свои 11 години. Богатството 91-годишниот Бафет сега изнесува „само“ околу 125 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе