Вести Свет

Насилството врз новинарите во Мексико е во пораст, многумина го обвинуваат претседателот

Насилството врз новинарите во Мексико е во пораст, со 85 отсто повеќе случаи забележани во првата половина од мандатот на претседателот Андрес Лопез Обрадор отколку во првата половина од мандатот на неговиот претходник, се вели во извештајот.

Серијата убиства на новинари наиде на критики од локалните медиуми и американските пратеници, додека претседателот Лопез Обрадор редовно ги напаѓа новинарите на прес-конференции.

Лопез Обрадор ги критикуваше медиумите во просек шест пати месечно во текот на 2021 година, според организацијата за човекови права Член 19, која се бори за слобода на информирање и изразување.

Претседателот ги нарекува новинарите овци

Минатиот месец, мексиканскиот претседател жестоко ги критикуваше членовите на Европскиот парламент кога тие усвоија резолуција со која се бара од него да ја смири реториката против новинарите, нарекувајќи ги „овци“.

Само во 2021 година, насилството врз претставниците на медиумите било забележано во просек на секои 14 часа. Од нив, два од петте напади биле поврзани со владини функционери, открива организацијата Член 19.

Од друга страна, директно ги напаѓаат медиумите со жигосување, изложување на психичко насилство и малтретирање, додаваат тие.

25 убиства за три години

Според извештајот, во првите три години од шестгодишниот мандат на Лопез Обрадор, имало 1945 напади врз претставници на медиумите, вклучувајќи 25 убиства. По тригодишниот мандат на неговиот претходник Енрике Пења Нието, забележани се 1.053 напади и 15 убиства. Првите три месеци од годинава беа најопасни за новинарите, со осум загинати.

Новинарката убиена во јануари Лурд Малдонадо молеше на конференцијата на Лопез Обрадор да и помогне, велејќи дека се плаши за својот живот и покрај тоа што е вклучена во државната програма за заштита на новинари.

Програмите за заштита на државно и федерално ниво во Мексико се „политички ослабени“, тврди Член 19. Невладината организација го повика Лопез Обрадор „да ја зајакне политиката на превенција, заштита и пристап до правдата“ за новинарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе