Вести Најважни Свет

Зеленски: ОН во моментов не можат да ги извршуваат функциите за кои се создадени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одржа своето традиционално ноќно обраќање до нацијата.

Во него тој рече дека Обединетите нации „во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени“.

„Советот за безбедност на ОН постои, а безбедноста во светот не постои. За никого. Ова дефинитивно значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А само една држава е виновна – Русија, што ги дискредитира ОН и сите други меѓународни институции во кои се уште учествува“, рече Зеленски.

Зеленски додаде дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за хуманитарната ситуација во привремено окупираните региони на Украина.

„Подготвуваме нов пакет силни санкции против Русија за се што таа му направи на нашиот народ“, рече тој.

Украинскиот лидер го опиша овој момент како клучен и повика западните санкции на Русија да бидат „пропорционални на тежината на воените злосторства на окупаторите“.

„Сега е клучен момент, особено за западните лидери. И ова повеќе не е за тоа како нашиот народ ќе ги оцени новите санкции и што ќе кажам за нив. Станува збор за тоа како ќе се оценуваат одлуките за санкции на самиот Запад. она што светот го виде во Буча, санкциите против Русија мора да бидат сразмерни на тежината на воените злосторства на окупаторите“, рече тој.

Тој исто така рече дека во блиска иднина ги очекува шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во Киев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе