Нападот на Русија врз Украина продолжува негативно да влијае на Европа. Во Германија, која е зависна од Русија за енергија, има недостиг на сончогледово масло и брашно увезено од Украина.
Во Германија стана речиси невозможно да се најде масло на пазарите, бидејќи залихите се топат. Исто така, стана тешко да се најде брашно.
Во Германија, која поради војната не можеше да увезе производи од Украина, народот се насобра на големите пазари и почна да складира масло и брашно.
Сончогледовото масло, кое пред војната се продаваше под 1 евро за литар, на некои пазари поскапе на 5 евра.
Сончогледовото масло кое во одредени денови од неделата го зазема своето место на полиците, го снемува за кратко време. Оние кои не можат да најдат масло, користат путер.
Поради недостигот на масло, некои големи ресторани го отстранија помфритот од менито.
Претставниците на германскиот пазар, пак, наведуваат дека доколку продолжи украинско-руската војна, недостигот на понуда ќе продолжи.