Страницата за резервации за сместување во Аирбнб е целосно повлечена од Русија и Белорусија, така што патниците повеќе не можат да резервираат сместување во тие земји.
Сите резервации направени во двете земји се откажани од 4 април, соопшти компанијата. Исто така, луѓето лоцирани во Русија и Белорусија, исто така, во моментов не можат да резервираат сместување на Аирбнб.
Овој нов режим беше најавен пред еден месец. Белорусија и помогна на Русија во инвазијата на Украина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.