Соединетите држави и нивните сојузници ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина оваа недела, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.
Соединетите држави, исто така, ќе ги објават своите одлуки за дополнителна воена помош за Украина во наредните денови, изјави Саливан пред новинарите во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека Соединетите Држави „мора да продолжат да и испраќаат на Украина оружје што и е потребно за да ја продолжи борбата“.
Саливан рече дека разговорите меѓу западните земји сега се првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема мера зависни од рускиот гас.
Џејк Саливан рече дека се бара консензус со ЕУ, која исто така разговара за нови санкции против Москва.
Тој вети и дека во наредните денови ќе бидат објавени „нови најави за дополнителна воена помош“ за Украина, но не појасни за што точно станува збор.