Градската изборна комисија ги објави резултатите од изборите за градското собрание на Белград соред кои ниедна коалиција го нема потребното мнозинство за власт во српската престолнина Опозицијата бара јавно пребројување на гласовите и организираше протест пред РИК, незадоволни од работата на тоа тело и обвинувајќи ја власта, без докази, за „изборна кражба “.
Според резултатите на Градската изборна комисија, најдобар резултат на локалните избори во Белград постигнала владејачката Српска напредна партија со освоени 48 пратенички места.
Опозициската коалиција Обединети за победа на Белград освои 26 пратенички места, а опозициската коалиција Мораме 13 пратенички места.
Собранието на Белград има 110 советници, за власт се потребни најмалку половина – 56 советници.
Ниту една од партиите и коалицијата не може сама да формира влада, но СНС со социјалистите би го имала потребното мнозинство, што му овозможува на Дачиќ коалицирање и на државно ниво во Републичкото собрание и идната власт.