Вести Свет Топ вести

Излезноста на изборите во Србија до 18 часот над 50%, сите кои ќе се најдат на гласачкото место по 20 часот ќе можат да гласаат

До 18 часот излезноста на изборите во Србија е 50,82 отсто, од запишани 6.502.307 гласачи, соопшти на прес-конференцијата на Републичката изборна комисија.

Излезноста во белградскиот регион е 48,05 отсто, во Војводина 53,29 отсто, во регионот на Шумадија и западна Србија 52,01 отсто и во регионот на јужна и источна Србија 50,75 отсто, изјави директорот на Републичкиот завод за статистика Миладин Ковачевиќ.

Директорот на Републичката изборна комисија, Владимир Димитријевиќ изјави дека поради спојувањето на претседателските, парламентарните и локалните избори во Белград и 13 други единици на локалната самоуправа, создадени се големи редици, но дека сите гласачи кои ќе се најдат на гласачкото место ќе можат да гласајте по 20 часот, така што претседателот или потпретседателот на комисијата за избирачко место ќе застане зад последниот гласач што стои во редот на гласачкото место во 20 часот.

„Сите кои ќе се најдат на гласачкото место по 20 часот ќе можат да гласаат“, рече Димитријевиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе