Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.
По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.
Поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, формирање на личноста, на духовното и физичкото прочистување. Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, порача поглаварот на ИВЗ.
Муслиманските верници денеска се молеа и во Мека одбележувајќи го крајот првиот ден од постот.