Вести Свет Топ вести

Ситуацијата на истокот на Украина е „исклучително тешка“- нови обиди за извлекување на цивилите од Мароупол

Руските сили се повлекуваат од север на Украина и се стационаираат во регионот Донбас во обид да ги потиснат украинските сили. Серија експлозии и пукање од митралези во Запорожје. Црвениот крст во нов обид за извлекување на цивилите од Мариупол. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во знак на поддршка на украинскиот народ неочекувано го посети Киев.

Оваа снима е од денеска на пладне во украинскиот град Енерходар, северозападната област на Запорожје. Силни истрели од митралези и свирежи од бомби. Според Украинската компанија за производство на нуклеарна енергија Енергоатом, руските сили ги опколите жителите кои се собрале на мирен протестмитинг утрото, а потоа отвориле оган врз нив. Се слушаат серија експлозии и пукање од митралези.

Ситуацијата на истокот на земјата е „исклучително тешка“, вели украинскиот претседател Зеленски, бидејќи дел од руските сили се повлекуваат од север на земјата особено околу Киев.

Украинската војска соопшти дека руските сили сега го контролираат Изиум, град на околу 115 километри југоисточно од Харков. Руските трупи веќе се стационираат во регионот Донбас, каде заедно со сепаратистите се обидуваат да ги потиснат украинските сили од деловите на Луганск и Доњецк кои сè уште не се окупирани од Русија.

  • Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со вооружената агресија против Украина. Тие ги повлекуваат војниците во одредени области, веројатно со цел да ја зајакнат групацијата на окупаторските сили за понатамошни офанзивни операции во областите Слободански, Доњецк и Луганск- Олександр Шпутун, портпарол на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Црвениот крст прави нови обиди да дојде до цивилите во опколениот Мароупол. Вчерашниот обид пропападна  поради континуираното бомбардирање на Русија. „Не можеме да ги запреме куршумите“, велат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, „нема прецизни договори и почитување на прекинот на огнот“.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска најави дека се планирани седум хуманитарни коридори. Уште илјадници цивили кои избегаа од Мариупол се очекува да патуваат во колона автобуси од Бердјанск, на брегот, кој е под контрола на Русија. Околу 160.000 луѓе остануваат заробени во Мариупол, без храна, вода и лекови.

  • Го напуштив Мариупол во понеделникот и се одевме цел ден. Малку нè возеа, па одевме пешки, потоа нè преместија во друг автобус, па повторно пешки. Така, вечерта стигнавме до Бердјанск. Дознавме информации за автобусите за евакуација и од вторник ги чекавме на автопат, дури и една ноќ спиевме на нива- Тамила Мазуренко, евакуирана од Мариупол.

Повеќе од 3.000 луѓе евакуирани од Мариупол. Некои од бегалците на сопствен ризик бегајќи од војната пристигнаа во Русија.

  • Никој не ни кажа дека мораме да се евакуираме. Се евакуиравме сами, на сопствен ризик. Бевме 14, одејќи од засолништето за бомби. Имаше мажи со бебиња меѓу нас, тие ги држеа бебињата вака под бомбите, а ние двајца старци на крајот од групата, пешачевме околу седум километри- Зинаида Михаиленко, жител на Мариупол.

Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева, се верува дека бројот е многу поголем. Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во петокот неочекувано го посети Киев и вети поголема помош од ЕУ за одбрана на Украина. Таа на Твитер објави фотографија од нејзината средба со претседателот Володимир Зеленски, со слоганот „храброст, сила, решителност“. Таа не е прв европски дипломат кој стапна на украинска територија за време на војната, минатиот месец премиерите на Полска, Чешка и Словенија го посетија Киев заедно за да покажат солидарност со Украина.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе