Вести Свет

Нова закана од Кремљ: Ќе продаваме храна само на пријатели, во Европа нив ги нема

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател близок до актуелниот руски претседател Владимир Путин, претставува нова закана за Западот.

Според Скај њуз, Медведев рекол дека Русија би можела да го ограничи извозот на земјоделски стоки само во „пријателски“ земји во светло на санкциите што Западот ги воведе кон Москва поради инвазијата на Русија.

Тој рече дека Русија, еден од водечките светски извозници на пченица, ќе ја разгледа состојбата со снабдувањето со храна и земјоделството и ќе објави „некои едноставни, но важни упатства за безбедноста на храната во Русија“.

„Ќе извезуваме храна и земјоделски производи само за нашите пријатели. За среќа ги има многу, но во Европа и Северна Америка ги нема“, рече Медведев.

Заканата на Дмитриј Медведев доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „непријателските“ земји кои од денеска купуваат руски гас мора да го платат во рубљи. Најсилните европски економии, како Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, веќе ја отфрлија таквата уцена.

Путин во изјава за руска телевизија рече дека се одлучил на таков потег со цел „да го зајакне рускиот суверенитет“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе