Вести Најважни Свет

Зеленски: Ситуацијата на југот и истокот на Украина е исклучително тешка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на југот и во регионот на Донбас се уште е исклучително тешка и повтори дека Русија ги зајакнува своите сили во близина на опколениот град Мариупол.

„Битките се пред нас. Сè уште треба да одиме на потешкиот пат за да го добиеме сето она што го сакаме“, рече тој во видео-обраќањето доцна во ноќта, пренесува Ројтерс.

Воениот командант на Киев, Микола Жирнов, изјави дека ситуацијата во главниот град на Украина донекаде се олеснила. Но, борбите, додава тој, продолжиле на периферијата на градот.

Жирнов нагласи дека се обновува цивилната инфраструктура и истакна дека четвртокот бил мирен и дека украинската армија и спасувачките служби „ги чистат и деминираат ослободените области“.

Сепак, тој ги повика жителите на Киев да бидат внимателни и да ги слушаат предупредувањата за воздушни напади, пренесува ДПА.

Британската воена разузнавачка служба соопшти дека Русија ги прераспоредува своите сили од Грузија за да ја засили инвазијата на Украина.

„Помеѓу 1.200 и 2.000 руски војници се реорганизираат во тактички групи“, соопшти британското Министерство за одбрана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе