Два авиони за обука на јужнокорејските воздухопловни сили денеска се судрија во воздух за време на вежба, при што загинаа три лица, а едно исчезна, соопштија властите. Редок вид на инцидент се случил во близина на воздухопловната база во југоисточниот град Сачеон, соопштија воздухопловните сили.
„И покрај нивните напори да се спасат, тројца пилоти загинаа, а еден исчезна“, се вели во соопштението. Велат и дека е формирана екипа која треба да ги утврди причините за инцидентот и причинетата штета.
Повеќе од 30 пожарникари и спасувачи започнаа потрага на местото на несреќата, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални извори.