Вести Свет Топ вести

Русија објави прекин на огнот во Мариупол

Руското Министерство за одбрана објави прекин на огнот за да се овозможи евакуација на цивили од украинскиот пристанишен град Мариупол, пренесува Франс прес.

Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје, преку пристаништето Бердјанск, контролирано од Русија, ќе биде отворен од 10 часот по локално време, соопшти Министерството.

„За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството исто така соопшти дека се согласило со предлогот на Киев да се отворат четири нови хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе