Вести Економија Свет Топ вести

Западот ја обвини Русија дека предизвикува глад во светот. Русија: Тоа е поради хистеријата на санкциите

Русија беше обвинета пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека предизвикува глобална криза со храна и ги става луѓето во ризик од глад со започнување на војната во Украина, која е житница на Европа.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја започна оваа војна. Владимир Путин ја создаде оваа глобална криза со храна. Одговорноста за водење војна во Украина – и за ефектите од војната врз глобалната безбедност на храната – лежи исклучиво на Русија и на претседателот Путин“, изјави заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман на состанокот на Советот за безбедност посветен на хуманитарната ситуација во Украина.

Францускиот амбасадор во ОН Николас де Ривиер истакна дека „руската агресија против Украина го зголеми ризикот од глад во светот“ и дека прво ќе биде погодено населението на земјите во развој.

„Русија несомнено ќе се обиде да не убеди дека токму санкциите против неа создаваат нерамнотежа во ситуацијата со безбедноста на храната во светот“, додаде Де Ривиер.

Амбасадорот на Москва во ОН, Василиј Небенсија, изјави дека потенцијалните турбуленции на глобалниот пазар на храна всушност се предизвикани од „нескротливата хистерија на санкции што Западот ја воведе против Русија“.

Шерман и директорот на Светската програма за храна Дејвид Бисли известија дека Украина и Русија, кои се исто така главни производители на жито, сочинуваат 30 отсто од светскиот извоз на пченица, 20 отсто од пченката и 75 отсто од сончогледовото масло.

Европската унија во петокот објави иницијатива за ублажување на недостигот на храна предизвикан од војната. ЕУ и САД сакаат мултилатерална посветеност за ограничување на извозот на земјоделски суровини.

Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја рече дека конфликтот во Украина „се заканува да ја влоши ситуацијата во најголемите хуманитарни кризи во светот, како што се Авганистан, Јемен и Рогот на Африка“, каде храната е веќе проблем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе