Вести Свет Топ вести

Во Турција започнаа преговорите. Ердоган доби аплауз по говорот: Мирот ќе им користи на сите

Преговарачите на Украина и Русија се сретнаа во Турција, во канцеларијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул. Би-Би-Си пишува дека тие биле седнати на долги маси, еден спроти друг, а им се обратил турскиот лидер. Инаку, ова се први разговори лице в лице по повеќе од две недели, но надежите за некаков напредок не се големи.

Ердоган рече дека е тажен што конфликтот влезе во својата петта недела. Турција, членка на НАТО, има добри односи со двете земји и сака да биде посредник во преговорите. Ердоган претходно се спротивстави на санкциите наметнати на Русија, но исто така повика на итен прекин на огнот.

Ердоган рече дека очекува солиден исход од разговорите, истакнувајќи дека мирот нема да има губитници.

„Вие ги поставувате темелите на мирот со директивите на вашите лидери. Непосреден прекин на огнот и мир би биле од корист за сите“, рече турскиот претседател, кој доби аплауз по неговиот говор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе