Вести Свет Топ вести

Внимателен оптимизам по првиот ден преговори во Истанбул

Украинската делегација на преговорите со Русија во Истанбул, достави предлог рамката за можно постигнување мировен договор со Москва. Украина предлага да заземе неутрален статус, да се обврзе дека на нејзината територија нема да дозволи отварање странски воени бази, и во следните 15 години да продолжат преговорите за идниниот статус на анектираниот од Русија Крим. Гарантори на договорот и нејзината безбедност да бидат постојаните членки на Советот за безбедност на ООН и гаранциите да бидат слични на членот 5 од НАТО, според кој сите членки се обврзани да одговорот на напад врз друга членка. Украинските преговарачи го повторија ставот на претседателот Зеленски, дека евентуалниот договор мора да оди на референдум пред Украинците, кој би се одржал откако окупаторската војска ќе се повлече од земјата.

Ова се нашите предлози. Денеска ги поднесовме официјално предлозите и работевме на нивниот формат. Веднаш ќе кажам дека се уште ништо не потпишуваме, само ги соопштуваме нашите предлози на руската страна, изјви Давид Аракамиа – украински делегат

Руската страна оцени дека бил направен напредок на денешните преговори и соопшти дека за зголемување на взаемната доверба меѓу двете страни и создавање на потребните услови за продолжување на преговорите, одлучиле драстично да ги намалат воените активности во насока на Киев и Чернихив.

По денешните содржајни разговори, се согласивме и предложивме решенија по кои средбата меѓу претседателите би биле возможна, истовремено со започнувањето на преговорите меѓу министрите за надворешни работи, особено што во моментов започнаа да се разгледуват детали од договорот, возможно е да се дискутира за различни политички нијанси и детали. Затоа, во услови на брза работа на договорот, можноста за постигнување мир ќе стане поблиска, изјави Владимир Медински – Шеф на руската делегација

Но и покрај позитивните сигнали од преговорите во Истанбул, и оценката на турскиот министер за надворешни, Мевлут Чавушоглу, дека ова е досега најзначајниот напредок во преговорите, САД веднаш предупредија дека постои разлика помеѓу тоа што Русија го зборува и тоа што го прави на терен. САД потврдија дека забележале повлекување на некои руски единици од регионот на украинската престолнина, но за сега не веруваат дека ова е почеток на значителна промена на терен.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе