Македонскиот репрезентативец со руско потекло Владимир Егоров стана европски шампион во борење што се одржува во Будимпешта. Уште еден наш репрезентативец Беси Алили утре ќе се бори за бронзениот медал.
Егоров денеска во големото финале во категоријата до 57 килограми слободен стил славеше против Алиабас Рзазаде од Азербејџан со 8-6. Вчера во полуфиналето нашиот борач беше подобар од Манвел Кнџрсјан од Ерменија, а во четвртфиналето славеше против Германецот Никлас Штехеле.
Бесир Алили утре ќе се бори за бронза во категоријата до 61 килограм. Тој во квалификациската борба го совлада Французинот Адам Бибулатов, а во четвртфиналето загуби од Ерсен Харутјунјан, но бидејќи Ерменецот се пласираше во големото финале па нашиот борач ќе се бори во репасажот за бронза. Негов ривал ќе биде Едуард Григориев од Полска.