Вести Свет Топ вести

Украина: Куполата во Чернобил може да биде оштетена, таа е закана за милиони во Европа

Висок украински функционер ја обвини Русија за „неодговорни дејствија“ во близина на окупираната нуклеарна централа Чернобил и ги повика Обединетите нации да испратат мисија за проценка на опасноста.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук предупреди дека руските сили ја милитаризираат зоната на исклучување околу електраната и транспортираат големи количини старо и лошо одржувано оружје, што може да ја оштети заштитната купола поставена околу реакторот четири што експлодира во 1986 година.

Руските сили ги спречуваат пожарникарите да стават под контрола бројни пожари во областа.

„Сериозна закана за стотици милиони во Европа“

„Кога станува збор за нуклеарната безбедност, неодговорните и непрофесионални постапки на руските војници претставуваат сериозна закана не само за Украина, туку и за стотици милиони Европејци“, напиша Верешчук на профилот на Телеграм.

„Затоа бараме Советот за безбедност на ОН да прифати итни мерки за демилитаризација на зоната на исклучување околу централата во Чернобил и да испрати специјална мисија за елиминирање на опасноста од повторување на катастрофата во Чернобил како резултат на акциите на руските окупаторски сили“, додаде таа.

Верешчук предупреди дека оштетувањето на заштитната купола подигната благодарение на европското финансирање „неизбежно ќе предизвика ослободување на значителни количини радиоактивна прашина и контаминација во атмосферата не само во Украина, туку и во другите европски земји“.

Русија, додаде таа, „ја игнорира таа опасност“ со тоа што продолжува да транспортира оружје низ областа во близина на електраната.

Русија негира сè

Русија претходно негираше дека нејзините сили се закануваат на нуклеарните постројки на Украина. Руските сили ја окупираа областа околу централата во Чернобил во првите денови од инвазијата и спречија отстранување на персоналот што ја одржуваше електраната.

Градоначалникот на Славутич, град изграден по несреќата во 1986 година, во саботата изјави дека руските сили го зазеле градот. Во судирите загинаа три лица. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека ќе ја следи ситуацијата и изрази загриженост за спречување на смена на персоналот на централата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе