Вести Свет Топ вести

Намерата на Путин е да ја подели Украина на два дела, тврдат украински разузнавачи

Русија има за цел да ја подели Украина на два дела, со цел да создаде московски контролиран регион, тврди украинското разузнавање. Нивните податоци велат дека украинскиот отпор го обесхрабрил Путин и неговиот план се променил. Наместо да ја освои цела Украина, намерата му е да ја подели налик на Северна и Јужна Кореа.

Но, во текот на ноќта, битката во Доњецката област стана се пожестока. На храброст ги поттикна лично Путин. Руската војска се чини дека се обидува да ги опколи украинските сили кои се борат во овие сепаратистички региони во источна Украина.

Другари, навистина, борбените услови вклучуваат зголемен ризик. Добро ми е познато како постапувате во оваа ситуација: многу храбро и професионално, вешто и бестрашно, компетентно и прецизно ги решавате најкомплицираните задачи поставени пред вас, покажувајќи лично херојство, им порача Путин. 

Но, на северот од земјата се обидуваат да се реорганизираат, но тешко им оди поради ураинските контранапади.

Русија, продолжува да погодува цели низ Украина, вклучително и многу густо населени области. Во најновиот напад уништени се две нафтени депоа во Лвив, градот во кој се засолнуваат сите Украинци кои ги напуштија уништените домови. 14 часа градските пожарникари го гаснеа пожарот кој беше предизвикан од експлозијата, а денеска во градот се уште се чувствува миризбата на нафта.

Но, битката за Миколаив се уште не е добиена. Градот има витална локација со својата поставеност меѓу рско-анектираниот Крим и пристанишниот град Одеса. Украинските војници во ровови скриени ги слушаат експлозиите и знаат дека русите наближуваат.

Се однесуваме човечки со Русите, но она што го прават е поинаку, ги бомбардираат нашите градови. Гледајте што му направија на мариупол. Во Миколаив постојано има бомби, касетни бомби, ракети кои понекогаш и не експлодираат, вели еден украински војник. 

Украинските војници се борат со последни сили, а претседателот Зеленски ја критикуваше Америка за нејзиното двоумење да испрати воени авиони. И покрај вчерашните средби во Полска со американскиот претседател, Зеленски вели дека пинк понг дискусиите за тоа кој што да испрати продолжуваат.

Украина не може да ги собори руските проектили со пушки и митралези од кои има премногу во залихите. Невозможно е да го одблокираме Мариупол без доволен број на тенкови и други воени возила, а посебно без авиони, порача Зеленски. 

Од Мариупол вчера успеале да излезат 4.000 луѓе, а за денеска се договорени два коридаора. Голем дел од заземените села околу Харков, украинската војска ги вратила. Жителите на овој втор по големина град, иако ги слушаат бомбите, полека ја напуштаат подземната железница која останува дом за многумина.

Според британските разузнавачи Русија во моментов се потпира на проектили лансирани од нејзина територија за да ја намали изложеноста на своите авиони на украински противвоздушни оган. Но, овие проектили на русија и се ограничени и ќе ја натера да се врати на помалку софистицираните ракети. Се дотогаш ќе напаѓа цивилни цели и ќе сее психолошки страв кај населението.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе