Вести Свет Топ вести

Секое второ дете во Украина го напуштило својот дом, во Мариупол децата гладуваат

Децата во Украина се соочуваат со страшна ситуација, при што секое второ морало да го напушти својот дом, изјави портпаролот на УНИЦЕФ за Би-Би-Си.

Западниот украински град Лавов се најде под силен ракетен оган и Џејмс Елдер од УНИЦЕФ, вели дека нападите го зголемуваат теророт што го чувствуваат луѓето таму.

– Бев во болница каде што гледав како жените слегуваат секој пат кога имаше сирена за воздушен напад, носејќи бебиња стари два дена или жени во 36-та недела од бременоста на кои им е студено, истакна тој.

– Тие жени вечерва повторно се кријат – преплашени, скаменети. И уште толку луѓе и деца, изјави синоќа Елдер.

Заменикот-градоначалник на опколениот украински град Мариупол, Сергеј Орлов, изјави дека луѓето почнуваат да умираат од глад и дехидрација, бидејќи резервите на храна и вода се при крај, а хуманитарната помош не е овозможена.

– Некои умираат од дехидрација и недостиг на храна. Некои умираат од недостиг на лекови, инсулин… Затоа што луѓето не можат да најдат медицинска помош, изјави Орлов за Би-Би-Си.

– Некои мајки немаат млеко и храна за своите деца. Што да прават со своите бебиња? Не знам. Во градот воопшто нема храна за децата, вели тој.

Мариупол е под постојан руски напад уште од првите денови на војната, а фотографиите го покажуваат градот во урнатини, со цели населби уништени. Орлов вели дека 70 отсто од болниците во градот се „уништени во бомбардирањето“.

Жителите поголемиот дел од времето го поминуваат во засолништа или подруми без струја, вода или гас.

– Луѓето само бараат секоја можност да преживеат. Тие делат храна, вода, собираат дрва за огрев од улиците, рече Орлов.

Повеќе од 100.000 луѓе останаа блокирани во Мариупол, но вчера хуманитарните коридори беа успеашни, па околу 4.000 успеале да побегнат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе