Вести Свет Топ вести

Зеленски: Одговорот кон руските сили ќе биде само еден – омраза и презир

Украинскиот претседател Володомир Зеленски објави ново видео во кое и се обрати на домашната и светската јавност.

– Ќе има само еден одговор за руските сили – омраза и презир. Нашите вооружени сили несомнено ќе одговорат. Затоа украинските селани ги заробуваат соборените руски пилоти во нашата земја, рече тој.

– Затоа нашите „тракторски сили“, украински земјоделци, ја земаат руската опрема од полињата и ја предаваат на украинската армија. А особено најновите модели, оние што Русија се обидува да ги задржи во тајност, додаде тој.

– И сега окупаторите ги оставаат на нашата земја и бегаат… Всушност, тие ја прават вистинската работа. Затоа што е подобро да избегаат отколку да умрат. Нема и нема да има други алтернативи, рече Зеленски.

Тој, исто така, испрати порака до Европа, велејќи дека мора „да ја засили помошта за Украина“.

„Чекавме 31 ден“, рече Зеленски, фалејќи ги бранителите на Мариупол, велејќи: „Сакам барем мал дел од нивната храброст за оние кои 31 ден размислуваат како да испратат 10 или 20 тенкови или авиони“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе