Вести Свет Топ вести

(видео)Упад и апсења во зградата на РТС – членовите на „Достојни за Србија“ незадоволни од известувањето

Фото: ФоНет

Членови на организацијата „Достојни за Србија“ попладнево влегле во зградата на Радио телевизија на Србија на улицата Таковска, во Белград. Како што јавува ФоНет полицијата потоа ги уапсила.

Според извори на ФоНет во РТС, причина за упадот е незадоволството од работата и известувањето на јавниот сервис.

Според неофицијални информации, во зградата на РТС влегле четириесетина лица, а интервенирале неколку десетици припадници на Полициската бригада.

На терен имало најмалку пет патролни возила и седум „автомобили“, а полицијата при апсењето буквално извадила некои членови на организацијата од зградата.

Полицијата се уште нема објавено соопштение за инцидентот и приведувањето, а за настанот е известено и надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе