Вести Свет Топ вести

Топ Тема – Се насетува ли крајот на војната во Украина и како ќе изгледа оваа држава по руската инвазија?

Можат да се препознаат клучните точки околу кои ќе се заокружи евентуалниот мировен договор помеѓу Русија и Украина, изјави во вечерашната Топ Тема, поранешниот амбасадор на Македонија во Соединетите американски држави, Васко Наумовски.

Според него тоа би било воената неутралност на Украина, односно откажување од членството во НАТО, признавањето на реалноста од страна на Украина дека Крим, кој веќе неколку години е под контрола на Русија, веројатно ќе остане надвор од контрола на Киев, статусот на двете самопрогласени републики кои во моментов се признаени само од Русија, како ќе се одвива натамошната соработка, економска и политичка, меѓу Русија и Украина и односите помеѓу Украина и државите членки на НАТО и ЕУ.

„Она што е најважно е што е можно побрзо да се постигне некаков договор за прекин на непријателствата, за прекин на огнот, кој што ќе овозможи ситуација во која што сите ќе дискутираат со едно порационално размислување за тоа како треба да изгледа Украина по овој конфликт.“ – изјави Наумовски.

Наумовски вели дека за Русија не се туѓи и сценарија во кои одредени територии остануваат замрзнати, ниту ќе бидат меѓународно признати, ниту пак вратени под контрола на главниот град на државите каде што се наоѓаат.

Според поранешниот амбасадор во НАТО, дилемата е за кого работи времето.

„Русите велат дека времето работи за нив, бидејќи ќе им дозволи да ги остварат сите оние стратешки цели кои ги посакуваат. Зеленски вели не, времето работи за нас, бидејќи руската армија е исцпрена, деморализирана, имаат премногу големи загуби, немаат логистика и така натаму“ – вели Ружин.

Според Ружин, ќе се бара еден вид федеративно уредување на Украина, можеби со еден вид позасилена автономија на самопрогласените републики.

Прашањето на статусот на неутралноста веројатно е завршено, вели Ружин.

Тој смета дека Западот ќе мора да ги повлече и санкциите, бидејќи не смее еден светски поредок да функционира на база на изолација на една толку голема држава.

„Мислам дека и двете страни се доста истоштени, светската економија е истоштена, да кажеме дека за максимум две недели ќе се дојде до решение, доколку војната не се претвори во рововски судир.“ – изјави Ружин.

https://youtu.be/_KikDAhyV_g

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе