Вести Економија Македонија Топ вести Топ тема

Директорката на ДПИ во Топ Тема: Извршени се над 600 надзори, изречени се прекршочни налози во износ од 194 060 евра за 44 субјекти

Директорката на државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, изјави дека досега најмногу контроли биле вршени за продажбата на маслото, лебот и брашното, артикли кај кои маржата е нула и продажната цена треба да е еднаква на набавната.

Денешните инспеции покажале дека трговците се придржуваат на мерките, во однос на продажбата на лебот, што не било случај во минатиот период.

„Нашите контроли ги почнавме на 11-ти март, одлуката стапи на сила на 10-ти, дадовме простор за усогласување, меѓутоа и покрај тоа констатиравме огромен број неправилности и можам да кажам дека бевме прилично изненадени затоа што тие неправилности беа утврдени и во најголемите маркети, кои што имаат продавници низ целата држава. Од почетокот на одлуката, од 1-ви март до денес имаме извршено над 600-тини надзори. По основ на овие надзори имаме констатирано неправилности кај 44 субјекти, по кои што изречени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 194 060 евра. Само по однос за непочитување на одлуката за цените, изречени се платни налози во износ од 144 360 евра, 36 400 евра изречени се заради утврдено нечесно пазарно однесување и за условување при купување. “ – изјави Симеска-Димоска.

Таа појасни дека казните од 36 400 евра се за трговците кои биле констатирано дека одредени производи биле чувани во магацините а не биле ставани на рафтовите, во очекување на нови повисоки продажни цени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе