Вести Македонија

Корупција од 1.000 евра во витаминска кутија-обвинителството со детали за митото на земјоделска инспекторка во Прилеп

Наместо да му пише казна, инспекторка по земјоделство барала пари од раководител на земјоделска аптека во Кривогаштани, објави обвинителството повеќе детали за случајот со уапсената државна службеничка.

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 март директно побарала парични средства од оштетениот раководител во подружница на земјоделска аптека во селото Кривогаштани за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши.

При вршење инспекциски надзор во објектот таа пронашла два артикла со поминат рок на важење и оштетениот го известила дека треба да му напише парична казна за прекршокот во висина до 32.000 евра. Бидејќи оштетениот изреагирал на висината на казната, за да не му напише прекршочна казна за него како физичко лице и за фирмата, обвинетата побарала да и даде пари во износ од 63.000 денари.

Оштетениот и кажал дека во моментот нема пари кај себе и побарал од неа време да размисли. Попладнето истиот ден таа повторно се јавила кај оштетениот и го прашала што одлучил, па тој побарал да се сретнат следниот ден во угостителски објект во Прилеп за да и ги предаде парите. На средбата тој извадил кутија од таблетки од Д3 витамин во која биле спакувани парите и ги предал, а таа ги ставила во чантата. По лишување од слобода, кај осомничената биле пронајдени 32-те обележани банкноти во апоени од 2.000 денари.

Против осомничената надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничената и определи мерка притвор во траење до 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе