Резултатот на денот на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Белград го забележа Јулимар Рохас која во дисциплината трискок постави нов светски рекорд и најдобро постанување во оваа дисциплина на сите времиња.
Рохас во шестата серија доскокна на 15 метри и 74 сантиметри што е за 31 сантиметар подобро од досегашниот светски рекорд поставен пред две години во Мадрид.
Воедно ова е најдобриот резултат на сите времиња во оваа дисциплина. Таа во август минатата година во Токио го освои олимпиското злато со скок од 15 метри и 67 сантиметри што е за седум сантиметри покусо од денешниот резултат.
Рохас ја продолжи доминацијата во трискок на Светските првенства во сала и на отворено и ова за неа е петто последователно злато, а трето на мундијалите во сала.
ФОТО: Игор Паневски