Вести Ковид19 Македонија

Нови 273 Ковид позитивни и пет починати во изминатото деноноќие

Нови 273 случаи на Ковид-19 од 2.799 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, а од нив 45 се реинфекции. Пријавени се вкупно осум починати лица, од кои пет во  изминатото деноноќие. Според податоците од Институтот за јавно здравје, евидентирани се и 233 оздравени пациенти.

Од новодијагностицираните  273, од Скопје се 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – шест, Тетово и Гостивар по пет, Кичево – четири, Велес, Штип и Струга по три, Кочани, Радовиш и Богданци по два, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија имат по еден новозаразен.

Во изминатите 24 часа починале пет лица – двајца  од Прилеп (68г и 43г) и по еден од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени три починати  лица на возраст од 60 до 78 години – од Скопје, Струмица и Тетово. Пријавените лица се починати во периодот од 18 февруари до 5 март 2022. Двајца починале во болница и еден во домашни услови. Сите осум починати лица имале  коморбидитети.

Од оздравените 233, од Скопје се 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – девет, Охрид – осум, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија по пет, Кичево – четири, Тетово, Струга и Виница имаат по тројца оздравени, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар по двајца и по еден оздравен пациент се од  Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе