Вести Ковид19

5 починати и 312 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.605 тестови, а регистрирани се 312 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци – по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар- по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2, Неготино, Дебар и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе