Вести Економија Топ тема

Топ Тема – Војната во Украина веќе има сериозни последици во Европа, кои се чувствуваат и во Македонија

Не дај боже менувачници да ни диктираат курс, курсот ќе ни биде стабилен, изјави стопанственикот Горан Рафајловски, по реакцијата на Народната Банка на информациите дека одредени менувачници одбивале да даваат девизи.

Тоа што одредени менувачници шпекулираат и пробуваат да заработат е апсолутно нереално, оцени Рафајловски, потенцирајќи дека Македонија не може да го изгуби курсот кој е врзан за еврото. Колку инфлира еврото, толку инфлира и денарот, изјави Рафајловски.

Директорот на „Костал“, Виктор Мизо, изјави дека војната во Украина има сериозни последици на автомобилската индустрија.

Уште од попладнето на 24-ти февруари, кога започна инвазијата на Украина, веќе се појавија негативните влијанија на производителите на автомобили во Европа.

Тој изјави дека една фабрика на „Костал“ била на 30 км од центарот Киев, таа престанала со работа а другата фабрика и дел од оние во Западна Украина, кои неколку денови работеле нормално, но откако започнало бомбардирањето на градовите блиску до границите со Полска и Чешка, тие фабрики биле целосно затворени и го прекинале производството.

„Ова директно влијае и на компаниите во Македонија, бидејќи добар дел од нас, без разлика дали сме добавувачи од прв ред, што значи дека нашиот производ веднаш се доставува до крајниот производител на возила или пак добавувачи од втор ред, тие ќе ја видат реперкусијата за две до три недели.“ – изјави Мизо.

Според него, веќе има компании кои го намалуваат обемот на работа и има компании кои дел од вработените ги праќаат на принуден одмор.

Петар Јанески, извршен директор на Макстил, изјави дека како земја која е целосно зависна од увоз на енергенси, денеска имаме високи цени кои нема знак дека ќе се намалат. Увозот на гас е целосно зависен од едно географско подрачје, од еден извор а немаме алтернатива во тој поглед.

„Доколку се случи да имаме прекин или намалување на снабдувањето на дотокот во гас а цената на струјата на берзите денеска е околу 420 евра за мегават што е четири пати повисока од цените во декември а тогаш веќе се жалевме дека сме на прагот на рентабилност на нашето вработење. Ќе бидеме доведени во ситуација да имаме сериозни загуби во нашето работење“ – изјави Јанески.

Апсолутно последна опција која ја имаме во овој миг е намалување на бројот на вработени или намалување на нивните приходи, изјави Јанески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Топ тема: Талка ли Македонија во расчекор меѓу стратешкото партнерство и стратешката цел?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе