Вести Ковид19 Свет

СЗО: Војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со Ковид

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата соопшти дека војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 и дека работи на мерки за спречување на понатамошното ширење на инфекции.

Во Украина и соседните земји, бројот на нови случаи е намален во споредба со минатата недела, но експертите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до зголемување на смртните случаи и сериозни болести и во Украина и во земјите со ниска вакцинација, кои примиле поголем број на бегалците.

Според Our World In Data, 34% од населението на Украина е вакцинирано, а околу 29% во соседна Молдавија. СЗО наведува дека во периодот од 3 до 9 март во Украина и околните земји се регистрирани 791.021 нови случаи на инфекција со Ковид и 8012 нови смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.

„За жал, овој вирус ја користи секоја можност да продолжи да се шири. СЗО разбира дека различни земји се во многу различни ситуации; тие се соочуваат со различни предизвици. Кризата во Украина доведе до многу миграции, многу бегалци“, рече Марија Ван Керхове, технички лидер на СЗО за ковид-19.

Бегалски стереотипи

Мајк Рајан, извршен директор на Здравствената програма за итни случаи на СЗО, во средата рече дека без сомнение ќе има зголемување на случаите на ковид во Украина поради намаленото тестирање, прекинот на кампањата за вакцинација, но и поради стресот предизвикан од војната.

Но, тој додаде дека светот не треба да биде оптоварен со „стереотипи за бегалците и болестите“.

„Да бидеме многу внимателни со нашата реторика бидејќи секогаш постои приказна дека луѓето кои бегаат од ужасите на војната носат со себе дополнителни проблеми. Во Европа веќе има доволно случаи на зараза, бегалците од Украина нема да придонесат многу за таа бројка“, рече Рајан.

„Хуманитарните организации и здравствените работници мора да бидат способни да обезбедат основни здравствени услуги, вклучително и имунизација против ковид и детска парализа, и да снабдуваат лекови за цивилите низ Украина, но и за бегалците кои се движат во соседните земји. Здравствените услуги треба да бидат достапни на граничните премини“, се вели во соопштението на СЗО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе