Неполни два месеци траеше пензијата на еден од најдобрите играчи во НФЛ. Том Брејди најави дека се враќа на терените и повторно ќе биде дел од тимот на Тампа Беј.
Седумкратниот НФЛ шампион и една од најголемите ѕвезди во историјата на лигата реши да се активира откако пред четириесетина дена најави дека ја завршува кариерата.
Четириесет и пет годишниот Брејди веста за враќањето на теренот ја објави на својот официјален профил на Твитер истакнувајќи дека за овој кус период сфатил дека местото му е на теренот и дека со своите соиграчи од Тампа Беј ќе се обиде да стигне до уште една титула.
Брејди ќе ја одигра 23-тата сезона во кариерата во која покрај седумте шампионски прстени има и три трофеи што му се доделуваат на најкорисниот играч во лигата, а пет пати беше МВП на решавачкиот меч за титулата.