16.04.2025 22:41
Вести Економија Македонија

Ковид-19 набавките се уште под ризик од корупција

КОВИД-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција констатираат од Центарот за граѓански комуникации, кои извршиле мониторинг на 40 јавни постапки за јавните набавките во првите шест месеци од минатата година.  Мониторираните постапки претставуваат 38 % од сите КОВИД-19 тендери во периодот на мониторинг, а нивната вредност од 5,7 милиони евра е 36 % од вредноста на сите КОВИД-19 тендери во анализираниот период.

И во 2021 година, јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство каква што беше 2020. Иако набавувале исти стоки, услуги и работи – отсуствува воедначеност меѓу институциите во описите на предметите на набавка. Цените на набавените стоки се највисоки онаму каде што имало само една понуда . Така, кај набавките на ракавици, онаму каде што имало конкуренција ракавиците чинеле 2,43 денари, а во тендери во кои е добиена само една понуда ракавиците достигнале цена од 11,21 денар.  5.000 респираторни маски Н95 се купувани по цена од 9,73 денари, а 60.000 вакви маски по цена од 41 денар.

Во ниту една од мониторираните постапки за јавна набавка не е почитувана законската обврска за детално образложение за потребата од набавката, се вели во извештајот за ковид набавките од страна на центарот за граѓански комуникации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

САД планира да затвори околу 30 амбасади и конзулати низ целиот свет дознава „Њујорк тајмс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе