Јунајтед ерлјанс ќе им дозволи на работниците кои не биле вакцинирани против Ковид-19 од религиозни или медицински причини да се вратат на работа до крајот на овој месец, објави во средата Волстрит журнал, цитирајќи извор запознаен со ова прашање.
Оваа одлука ќе им овозможи на вработените кои биле ослободени од барањата за вакцинација поставени од таа компанија да се вратат од неплатено отсуство или од работни места каде што не стапиле во контакт со клиенти и каде што би можеле да работат.
Јунајтед ерлајс не ги коментираше вестите на Волстрит журнал.
Јунајтед со седиште во Чикаго беше првата голема авиокомпанија која воведе барање за вакцинација, а нејзиниот директор Скот Кирби ја бранеше одлуката, велејќи дека таа е „за безбедност. Ние веруваме дека спасува животи“.
Кирби рече дека околу 200 вработени од 67.000 вработени во компанијата одбиле да бидат вакцинирани и биле отпуштени.
Тие нема да можат да се вратат на работа, а новите вработувања на нивните позиции се уште треба да се вакцинираат, додава Волстрит журнал.