Утре ќе биде променливо облачно и студено, главно во западните делови и на крајниот југоисток со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се задржат пониски, а од среда ќе бидат и значително под просекот за овој период од годината.
Агропрогноза:
Времето минатата недела донесе разладување на атмосферата и го успори пролетното будење на овошките, со исклучок на Повардарието и јужните делови каде бадемот, сливата џанка и кајсијата се расцветани или беа во почеток на цветање.
Влажниот и студен бран од викендов е добредојден во овој период, но и ќе се надополни на оние врнежи од предходната седмица. Од агрометеоролошки аспект ваквото време е добро, при што оние овошки кои не ја отпочнале вегетацијата и сè уште мируваат, добро е да бидат во таа фаза, заради фактот што време за негативни температури сè уште има, зимата сè уште трае, а климатските промени нè потсетуваат на снеговите и мразевите во изминатите години.
Доколку, пред сè почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците треба да продолжат со подигање на нови овоштарници или лозови насади, како и кроење на овошките и виновата лоза, работа која сè уште не е насекаде целосно завршена.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
75 Попова Шапка, 61 Маврови Анови, 56 Крушево, 36 Ѓуриште, 34 Пожаране, 7 Битола, 6 Скопје Зајчев Рид, 5 Гостивар, 4 Претор 2 Берово, Тетово.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
23 Пожаране, Маврово, 20 Крушево, 16 Д.Капија, 13 Струмица, Дебар, 12 Скопје-Петровец, 11 Тетово, Битола, 10 Претор, 9 Ѓуриште, Гевгелија, 8 Штип, Берово, Дојран, 7 Попова Шапка, Куманово, 6 К.Паланка, Охрид, 5 Скопје-З.Рид, 4 Прилеп, 3 Виница.
Минимална температура (во °C)
-9 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -3 Kрушево, -1 Претор, Берово, Охрид, 0 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Битола, Скопје-Петровец, 1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран, Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/