Македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз и во второто соочување со Словенија во рамки на ЕХФ Купот. Овој пат нашата селекција е совладана со 27:20.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски беа рамноправен противник само во првото полувреме, а потоа очигледно немаа сила за сензација.
Сепак и овој меч беше ново, огромно искуство за младиот состав кој кон крајот на годината ќе биде дел од Европското првенство што ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.
ФОТО: Игор Паневски