Имавме координативен состанок на УЈП со државниот пазарен инспекторат и финансиската полиција за да договориме како би спречиле злоупотреби и кај големите маркети и кај дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехрамбени продукти, најави директорката на Управата за Јавни приходи, Сања Лукаревска.
„За УЈП можам да кажам дека ќе ги следиме разликите помеѓу набавната и продажната цена на одредени производи. Ќе постапуваме низ целата држава , како и низ сите дистрибутивни центри , кои се околу 40 и сето она што го алармираат и граѓаните за било какви злоупотреби.“ – изјави во вечерашната Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Тенденцијата е дека во едно вакво време, сите треба да помагаме а не да се прават злоупотреби. Тоа било разговарано и со целиот економски тим на владата, потврди Лукаревска.