Вести Свет

Британија: Големиот руски конвој слабо напредува кон Киев

Според проценката на британската воена разузнавачка служба, во последните три дена е постигнат само мал напредок во движењето на огромниот руски конвој кој се приближува до Киев.

Главниот дел од конвојот што се приближува кон градот од север „останува на повеќе од 30 километри од центарот на градот поради украинскиот отпор, механичките дефекти и доцнењата“, се вели во новиот извештај на британското разузнавање.

Министерството за одбрана додава и дека градовите Харков, Черновци и Мариупол се уште се под контрола на Украина.

Што се однесува до податоците за жртвите во Русија, Британија прогнозира дека реалните бројки се значително поголеми од 498-те загинати и 1.597 ранети, за кои Москва официјално објави досега и дека ќе продолжи да расте.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе