Кој и зошто ја блокира работата на Собранието и собраниските комисии? Ова прашање вечерва е во фокусот на Топ Тема со Боби Христов. За тоа дали ќе има ли конечно деблокада на работата на законодавниот дом, дебатираат пратеничките Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ и Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ.
Според Стојановска, во поглед на собраниската работа, по локалните избори, таа не е блокирана, туку неговата работа е нефункционална. Таа оцени дека тоа најмногу произлегува затоа што еден добар дел пратеници сега веќе не се членови на Собранието и затоа треба да се свика комисијата за избори и именувањата , за да се пополнат испразнетите места, но таа нема претседател.
Проблемот е еден член на таа комисија , Фадиљ Зендели кој од 13-ти декември е пратеник на опозицијата, од Беса и собраниската пракса била оваа комисија да има мнозинство од власта. Според Стојановска, очигледно е намерата на власта за партизација на оваа институција и затоа Зендели и пречи на СДСМ.
Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева порача дека и според пишаните и непишаните правила тоа место е на СДСМ.
Но, тоа не е единствен проблем кој постои во Собранието, кој опозицијата го наметна за нефункционирање на Собранието. Не е ниту деловникот, туку фактот дека опозиција го злоупотребува деловникот за да прикаже дека власта е неспособна.
Одеднаш, опозицијата е наводно загрижена за нефунционалноста на Собранието, а 10-тици клучни закони стојат на мртва точка, затоа што опозиција ги кочи со безброј амандмани, изјава Калеска –Ванчева.
На крајот одговорноста е најголема кај парламентарното мнозинство, но зарем опозицијата нема одговорност, праша пратеничката од СДСМ, наведувајќи ги како пример законот за клинички центар, законот за наставници, за академија за судии и јавни обвинители.