Вести Свет

Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата поради шпионажа

Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата, изјави на вонреден брифинг портпаролот на министерството Митко Димитров.

Бугарските специјални служби и Јавното обвинителство ја информирале министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска за собраните докази за разузнавачки активности извршени од руски државјани кои уживале дипломатски имунитет.

-Тие вршеле нерегулирани разузнавачки активности, неспоиви со нивниот дипломатски статус на територијата на Република Бугарија, изјави Митко Димитров.

Имињата на протераните руски дипломати не се објавени.

На претставникот на руската амбасада во Софија, Филип Воскресенски, му беа врачени две протестни ноти. Првата нота ја известува руската страна дека Бугарија прогласува двајца дипломатски вработени во руската амбасада во Бугарија за персона нон грата. Со втората нота, се известува, дека бугарското Министерство за надворешни работи остро протестира против објавите на веб-страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија во кои тие ги навредуваат Бугарија и нејзините сојузници.

Бугарското Министерство за надворешни работи го опиша јазикот што го користи руската амбасада во Софија како некомпатибилен со дипломатската пракса и јавните норми и дека тие се јасна навреда за Бугарија.

– Софија инсистира руската амбасада веднаш да ги отстрани оваа објави и да се извини, изјави портпаролот на бугарското МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе